Виралната двојка од ТикТок го шокираше светот: Ние сте полубрат и полусестра

Виралната двојка од ТикТок го шокираше светот: Ние сте полубрат и полусестра

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Двојката која стои зад популарниот ТикТок профил со повеќе од 600.000 следбеници ги шокираше своите многу обожаватели со признанието дека се полубрат и полусестра.

Дијана Камила Авила и Џорди Вена станаа популарни со бројните видеа и имаат повеќе од 9 милиони лајкови на ТикТок. Двојката на почетокот почна да објавува видеа со какви што поголемиот број парови сакаат да се прослават на оваа социјална мрежа, но ги шокираа своите обожаватели кога признаа дека се полубрат и полусестра.

„Се запознавме пред шест години, а почнавме да се гледаме пред три. Се запознавме преку родителите“ - кажа Дијана за LADbible.

@alphafamilia

Meet the Alpha’s new girl @jordievena  ##ColorCustomizer ##MyCostume ##fyp ##foryou ##foryoupage ##alpha ##alphabama ##stepsis ##stepbro ##step ##sibling ##tiktok

no where to run by stegosaurus rex - emily

Додава дека тоа всушност била љубов на прв поглед, но поради начинот на кој се запознале и двајцата ги премолчеле своите чувства. Една вечер кога нивните родители не биле дома, почнале да се бакнуваат, а останатото како што вели таа е историја.

Кога откриле како се запознале, добиле бројни критики на социјалните мрежи. „Среќно со убедувањето на родителите“ - гласи еден од коментарите, а имаше и такви во кои обожавателите им кажувале дека им е неудобно да ги гледаат додека се бакнуваат.

Двојката возврати на критиките, па порачаа дека не им е грижа што мислат останатите луѓе. „Се сакаме и доколку тоа не ви се допаѓа, тоа е ваш проблем“ - кажа Дијана.

Таа откри и дека негативните реакции ги добиваат на дневна база. „На луѓето им е тешко да ја разберат нашата врска, но љубовта е љубов. Тешко е да се знае во кој ќе се заљубиш.“

Инаку, двојката не е во крвно сродство и не се сите против нивната врска - имаат и многу обожаватели кои ги поддржуваат и го бранат нивниот однос.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: