„Вистина e, немам интернет, ни мобилен, дојдете ако сакате да ме запознаете“: Зборовите на Маријана (12) воодушевуваат
„Јас сум Маријана. Не ме познавате? Вистина, ме нема ни на Инстаграм, ни на „Фејс“. Не четувам, не снепувам. Доколку сакате да ме запознаете, може да дојдете кај мене. На мојата улица или во моето училиште. Или да ми мавнете додека чекам на автобуската станица“ - напиша во својот состав 12 - годишната Маријана Марков.
Вака ученичката од 6 одделение од Медведице кај Нови Вир го започна својот емотивен состав за својот труд и работа кој резултира со одлични успеси во училиштето, а сето тоа без интернет, мобилен и лаптоп. Го освоила второто место на државниот натпревар за Наградата „Марко Ловрак“ во Велики Грчевац.
„Лесно ќе ме препознаете. Јас сум онаа која не го држи мобилниот во раце. Ќе ви мавнам и јас на поздравот. Во животот имав многу проблеми. Во градинка ми се смееа и ми зборуваа дека не сум за на училиште. 'Сега ќе им покажам јас на нив' помислив кога го започнав првото одделение. 'Доколку јас го сакам тоа, тогаш и го можам' “ - напишала оваа одлична ученичка во продолжението на својата приказна.
И успеала во ова. Без оглед на тоа што живее детство без интернет, таа ги реди петките зад себе. Призна дека отсекогаш сакала да има компјутер, но е свесна дека родителите немаат пари, бидејќи покрај неа ја школуваат и постарата сестра и двајцата помали браќа, кои сите заедно секое утро во 6:45 часот седнуваат во автобус кој ги носи во училишните клупи.
„Никогаш не сум барала од родителите да ни купат компјутер, бидејќи гледам како се мачат и колку е тешко да се живее на село од земјоделство. Знам дека на нас би ни купиле и златни коцки кога би можале и поради тоа не им здодевам со некои свои желби, бидејќи и без тоа им е доволно тешко. Такви се и браќата и сестрата. Свесни сме дека ни го даваат она што го имаат и што е највредно. Љубовта. Не учат на скромност и чесност, да живееме како јунаците од книгата „Четири мускетари“. Еден за сите и сите за еден. Тоа ми е најважно“ - појаснува девојчето.
Сепак, по нејзиниот успех на натпреварот на кој го освои второто место, добрите луѓе исто како и жирито биле изненадени од скромноста на девојчето. Низ хуманитарна акција на Здружението на занаетчии Молве, набрзо добила лаптоп, принтер и мобилен. На нејзината среќа и немало крај.
„Навистина сум среќна. Ми оствари големата желба. Уште само да се приклучиме на интернет, бидејќи имаме проблеми со слабиот сигнал, па уште тоа трееба да се реши. Тогаш, моите помлади браќа и постарата сестра, а и јас и моите родители, ќе зачекориме во светот. Им благодарам на добрите луѓе на најубавиот подарок на кој ни во сон не се надевав“ - рече Маријана.
Нејзините родители, мајката Валентина и таткото Драгутин, се особено горди на својата ќерка. Мајка и во еден здив ги наброи сите активности кои Маријана ги има: библиотекарски должности, член на задруга, играње фудбал и ракомет, волонтирање во Црвениот крст и работилница по географија.
„Го сакам Црвениот крс, бидејќи таму не учат како да помагаме на другите, на скромност и да бидеме од помош на другите, бидејќи така се станува подобар човек, а јас сакам да бидам подобра личност. Целта ми е да завршам факултет и да станам учителка, за на другите да им помагам да станат добри ученици. Некогаш само добриот збор и помош е поважна од парите. Учиме за чесноста и вербата за поубав живот“ - одлучна е Маријана.
Со оглед на тоа што нејзинито семејство се занимава со земјоделство, таа не заостанува ни на тоа поле. Им помага секогаш кога е во можност. Вели дека секогаш сака да им биде од помош на родителите.
„Сакам да месам, да мијат садови, да берам грав и пченка. Тоа е мојот живот“ - истакна Маријана.
Извор: 24sata.hr