Вистинска сестра: Како изреагирала Кендал Џенер кога слушнала дека Ким ќе ја краси насловната страница на „Вог“?
Кога станува збор за Кендал Џенер, за неа, нејзиното семејство секогаш било пред професијата, а сега тоа го покажа уште еднаш. Во најновата епизода од емисијата „Kardashians“, Крис Џенер откри дека „Вог“ одлучил Ким Кардашијан да се најде на насловната страница за март 2022 година, откако првобитно се размислувале тоа да биде Кендал.
Во својата исповед, Ким воодушевено кажа: „Ова е многу посебно. Толку сум почестена што сум дел од тоа“, пред да ѝ признае на својата мајка дека целата ситуација е прилично „слатко-кисела“. „Се чувствувам лошо“ - кажа ѝ кажа Ким на својата мајка за ситуацијата со Кендал.
Иако емпатијата била силна кон нејзината сестра, Ким одбила да биде таа која ќе ѝ ја соопшти веста на Кендал. Крис претпоставила дека како менаџер на својата ќерка, тоа ќе ѝ припадне на неа. Меѓутоа, кога седнала да ѝ ја соопшти веста, Кендал откри дека нејзиниот агент веќе ѝ пренел. „Се чувствувам многу подобро“ - призна Крис. „Немаш идеја. Се плашев од тоа. Не сакав тоа да ти ги повреди чувствата“.
Кога го слушнала тоа, манекенката кажала: „О, мој Боже, не... срќена сум што тоа ќе го препуштам на својата сестра. Среќна сум поради неа и таа би требало да биде навистина среќна. Нема вознемирени коски во моето тело, бидејќи мислам дека тоа заврши кај правилната личност“.
Крис ја пофали својат аќерка во сопствената исповед, истакнувајќи дека Кендал е најдобрата личност.
фото: Принтскрин / Инстаграм