Вивиен наполни 19 години: Агнеса ѝ ги посвети најубавите зборови на својата прва ќерка
Не ја криеше среќата...
Во октомври, Агнеса Органџиева со своите повеќе од 100.000 следбеници сподели дека нејзината постара ќерка Вивиен ќе студира во Словенија, сега конечно повторно сподели фотографија со неа.
За празниците Вивиен се врати дома, а пред неколку дена, Агнеса сподели уште една среќна вест од нивниот дом.Имено, нејзината прва ќерка го прослави 19-от роденден, а по тој повод, гордата мајка ѝ ги посвети најемотивните зборови на својата ќерка.
„Кога се појави во мојот живот, сакав да го прегрнам целиот свет. Ти си мојата убава душа... Знам за што сонуваше изминатите 18 години, но веќе можеш да размислуваш за овој 19-ти сон. Среќен роденден дете мое. Те сакам, знаеш. Јас и ти засекогаш“ - напиша Агнеса во описот на фотографијата на која позира со Вивиен.
фото: Принтскрин / Фејсбук