Властите во Порторико го истражуваат: Џејк Пол во проблеми поради новото видео
Јутјуберот Џејк Пол е познат по своите скандали и несериозно однесување со кое лошо влијае на своите обожаватели кои во поголем број се деца. Неговиот постар брат Логан Пол исто така прави скандали, а најголемиот дефинитивно беше кога за време на својата посета во Јапонија замина во „шумата на самоубиството“ и отворено се потсмеваше на човекот кој таму се убил, снимајќи вознемирувачки сцени. Доколку помисливте дека Џејк се промени откако започна да се занимава со бокс се лажете. Во најновиот скандал, Џејк сега е под истрага поради правилата кои ги прекршил за време на својот престој во Порторико.
Порано оваа недела јутјуберот објави на видео на Инстаграм на кое вози скутер на плажа во Порторико, на која моментално е забрането тоа поради заштита на желките чие гнездо е таму. Властите го виделе тоа и веднаш реагирале. „Наредив истрага за да се утврдат околностите во врска со употребата на две моторни возила на плажите во Порторико. Објавено е видео во кое Џејк Пол вози скутер на плажа, а таа активност беше забранета“ - откри секретарот за природни и еколошки ресурси.
„Иако видеото не утврдува каде и кога е изведена оваа активност, „DNER“ ги потсетува сите граѓани дека овој вид на активност е со забранета со закон поради заштита на животната средина и видот кој може да се гнезди или живее на тие плажи. Оние кои ќе го прекршат ова правило се соочуваат со парични, но и други казни“ - додаде тој.
Извор близок до Џејк за „E!News“ откри дека тој е голем љубител на животните и дека не знаел за желките кога го изнел моторното возило на плажа. Како што тврди, Џејк гледал и други како се возат по плажата и претпоставил дека тоа е дозволено. Подготвен е да соработува со властите за да помогне во заштитата и зачувувањето на дивите животни на плажите. Џејк на почетокот на оваа година, заедно со својот брат Логан Пол, на плажата Дорадо во Порторико се всели во вила вредна 10 милиони долари.