„Влегов во временска машина која ме врати во 1950 година“: Андријана Јаневска доживеа неверојатно искуство
Пејачката Андријана Јаневска периодов го користи за релаксација и одмор, поточно, собира сили активно да се врати на обврските кои ја чекаат дома преку целата година. Затоа, ова лето таа одлучи да посети многу егзотични и необични места, а таков беше и еден ресторан во Италија.
Штом го пречекорите прагот на ова магично место, „временската машина“ ве враќа во 1950 година. Тоа го почувстува и нашата пејачка која сподели неколку фотографии на својот Инстаграм профил.
-Еден од најоригиналните ресторани! Како да сте влегле во временска машина која ве враќа во 1950 година во Америка, напиша пејачката. А еве како изгледа тоа магично место!
Фото:andrijanajanevska/instagram