Внимајте, само едно место во автомобилот е најопасно за седење!
Новото истражување покажало дека во сообраќајните несреќи во поголема опасност се патниците кои седат на задните седишта во автомобилите. Иако можеби звучи изненадувачки, постои објаснување.
На сите, па дури и на најголемите непознавачи кога се во прашање автомобилите, добро им се познати воздушните перничиња. Истажувањето тврди и дека произведувачите работат на подобрување на сигурноста на возачите и сувозачите, но како да ги забораваат патниците кои се возат на задните седишта, пишува iflscience.
Во 117 сообраќни несреќи кои ги истражувале научниците, патниците на задните седишта имале посериозни повреди од возачот. Најчесто станува збор за повреди на главата и градниот кош. Научниците тврдат дека причината за тоа, освен воздушните перничиња, е и фактот дека појасите на задните седишта не се доволно издржливи.
Дали ова истражување ќе ги поттикне произведувачите додатно да се позанимаваат со сигурноста на патниците на задните седишта, останува да видиме, а во меѓувреме внимајте кое место го одбрате за седење во автомобилот.