Внимавајте да не се изненадите: Дознајте колку часа сте поминале на Нетфликс во 2020 година

Внимавајте да не се изненадите: Дознајте колку часа сте поминале на Нетфликс во 2020 година

Објавена во: Stars // Филм

Секоја година се прави листа од најслушани песни, музичари, но што е со филмовите и сериите?

Дека оваа година е специфична по многу работи досега потврдивме неколку пати, но мора да се потенцира дека е специфична и по бројот на поминати часови на Нетфликс.

Овој стриминг гигант имаше уште една успешна година, пред сѐ благодарение на тоа што луѓето беа дома цела година, па затоа не можеше да не изненади листата на нивните најгледани наслови во претходните 12 месеци, кои ги објавија неодамна.

Сега тука е и додатокот за пребарувачувач „Google Chrome“, кој со неколку кликови може да ти открие колку часа ти поминале во гледање на разни серии и филмови на Нетфликс.

Еве како да откриеш колку часа имаш поминато на Нетфликс во 2020 година:

# Прво мораш да го инсталираш додатокот за „Google Chrome“. Тоа можеш да го направиш така што ќе ја посетиш продавницата „Google Web“ и ќе го најдеш додатокот „Netflix Wrapped“. Потоа, кликни на „Add to Chrome“.

# Кога додатокот ќе се симне и инсталира, во нов таб отвори го својот профил на Нетфликс и кликни на додатокот.

# Притисни „Start“ и почекај. Додатокот наскоро ќе ги собере твоите податоци и ќе ги прикаже во графикон.

Тука ќе ги најдеш бројот на часови, минути и секунди кои ти поминеле во гледање на серии и филмови. Под тоа е и графиконот, кој прикажува во кој месец најмногу имаш гледано на Нетфликс.

Смееш ли да ги споделиш твоите резултати со светот?


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: