Во „Аџибадем Систина“ нов лабораториски пакет за ковид-пациенти со маркер за INTERLEUKIN 6 (IL6)

Во „Аџибадем Систина“ нов лабораториски пакет за ковид-пациенти со маркер за INTERLEUKIN 6 (IL6)

Објавена во: После „Школо“ // PR

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ воведе нов лабораториски пакет наменет за ковид-позитивни пациенти. Станува збор за пакет со повеќе лабораториски анализи, меѓу кои и одредување на концентрација на Interleukin 6 (IL6) – маркер кој укажува на можна појава на цитокинска бура кај пациентот која настанува како одговор од инфекцијата со коронавирусот.

Ова е исклучително важно испитување, особено за пациентите кои веќе развиле потешка симптоматологија, односно клиничката слика кај нив се влошила. IL-6 е дел од големата групи молекули наречени цитокини одговорни за правецот на имунолошкиот одговор на организмот во случај на инфекција.

Според  доктор Патриција Каламарас, инфектолог, овој пакет, во кој е вклучено и испитувањето на IL6, e особено важен во третманот на ковид-пациентите со цел да следи нивната клиничка слика и да се примени соодветна терапија. 

„Еден од најтешките  проблеми кој овој вирус ги предизвикува е таканаречената цитокинска бура која се смета за алармантна состојба кај заболените од Ковид -19. Таа прави вистинско ‘цунами’ на организмот кај човекот и уништува голем дел од органите.  Навремената детекција, односно мерењето на вредностите на Interleukin 6 (IL6) ни дава можност  да ја следиме внимателно клиничката слика на пациентите и навремено да почнеме со терапија која би спречила посериозни нарушувања кај болните“, вели д-р мед. науки Патриција Каламарас, инфектолог.

Овој пакет на лабораториски анализи се изведува преку крв и е наменет за сите пациенти кои имаат  Ковид -19. Дополнително, со другите анализи од пакетот практично се испитува  целосно имунолошката состојба кај пациентите. Цената на пакетот чини 3.000 денари. 

* ПР - објава

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: