Во борба за третото место КЛ7 Струга убедливо го порази градскиот ривал!
Најмладиот состав на турнирот се закити со бронза на финалниот турнир.
Во натпревар на двете екипи кои на овој завршен натпревар турнир настапија без странски играчи, КЛ7 Струга убедливо го совлада градскиот ривал со резултат 31:21.
КЛ7 Струга на овој турнир имаше најмлад состав и со самото тоа и овој резултат е показател дека екипата се движи во вистинска насока и дека вчерашниот пораз е само еден лош ден или период од натпреварот.
Ова беше натпревар кој помина во целосна наша контрола. РК Струга го отвори натпреварот со 0:1 и тоа беше единствено водство за нашиот противник. За брзо време дојдовме до водство од 7:3 и успеавме да го задржиме до крајот на натпреварот. Пред крајот на првото полувреме следеше наше мало опуштање и му дозволивме на противникот да се доближи до само еден гол разлика односно 13:12.
Второто полувреме помина во целосна наша доминација. На почетокот отворивме со серија од 7:2 и дојдовме до водство од шест голови разлика и веќе познат победникот на овој натпревар. Потоа шанса да настапат на еден „фајнл фор“ добија и нашите пионери кои не само што не дозволија да ја намалат разликата туку и да ја донесат до максимални 11 голови разлика односно 30:19.
Крајниот резултат гласеше 31:21, со што нашата екипа втор пат по ред го освојува третот место на една финална завршница во младинска конкуренција.
Како што беќе случај и вотекот на целата сезона, така и денес наши најдобри стрелци беа Симоноски со дури 10 погодоци и Џигероски кој постигна 7 погодоци. А на голот одличен беше Петрески.
КЛ7 Струга - РК Струга 31:21 13:12
Оваа година организацијата на завршниот турнир во младинска категорија ја има РК Охрид и Општина Охрид, а во финалето во 17.30 ќе се сретнат домаќинот и фаворитот скопски Металург.