„Во корона ситуација класните раководители имаат најголемо влијае врз учениците“: Интервју со психолог Ива Стојановска - Јакимовски

„Во корона ситуација класните раководители имаат најголемо влијае врз учениците“: Интервју со психолог Ива Стојановска - Јакимовски

Објавена во: Stars // Интервјуа

Изминатиот период во образованието имаше неколку бурни настани. Првиот проблем со кој најмногу се соочија средните училишта беше т.н. „Јавна соба“, кога во јавноста се појави група во која беа објавувани експлицитни фотографии од тинејџерки. А, вториот, кој се прошири на светско ниво е пандемијата коронавирус, поради која во многу држави ширум светот се прогласи вонредна состајба и сите училишта се распуштија, со тоа што класичната настава ја продолжија онлајн.

За овие две теми, но и за работата како психолог во едно средно училиште за Хаштаг зборуваше психологот на СЕПУГС „Васил Антевски - Дрен“ Ива Стојановска Јакимовски. 

# Работите како психолог во СЕПУГС „Васил Антевски - Дрен“. Како е да се работи со тинејџери?

СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“, е едно од поголемите училишта во Скопје, моментално имаме околу 1600 ученка во сите 4 години. Ова го кажувам со цел да добиете претстава колку динамично може да биде во училиште во кое има толку голем број на тинејџери, секој со свои посебни потреби, емоции, секој со свои посебни барања и амбиции. Во адолецентниот период кога секој од нив го гради својот идентитет, истражува и се осознава себеси морам да кажам дека работата на психологот е доста предизвикувачка. Нема да кажам дека  е тешка, но ќе кажам дека е доста одговорна и динамична. 

# Кој е најпроблематичниот случај кој сте го имале со некој ученик или група ученици?

Има многу сложени и помалку сложени ситации во кои се наоѓаат учениците. Најчести се семејните проблеми за жал, но и врсничките интеракции (караници, навреди, булинг меѓу учениците) во овој период. Не можам да одовојам еден единствен случај како најпроблематичен, затоа што сметам дека секој посебно си носи своја тежина, на која се работи и со учениците, а кога е потребно се вклучуваат и родителите.

# Од Вашето досегашното искуство, кој глобален проблем со кој се соочуваат учениците би го издвоиле?

Дисфункционалните семејства, според моето искуство стекнато врз разговорите кои секојдневно ги водам со учениците. Се почесто учениците бараат помош и сакаат да разговараат поради семејните, домашните проблеми. Тие се различни, но разводите земаат се поголем замав, многу почесто имаме семејства со еден родител (без разлика дали родителот работи во странство, развод или смрт). Има случаеви и на семјено насилство, каде што децата се тие кои најмногу патат. Кога семејството е дисфункционално, на децата им недостасува родителска контрола, која е неопходна во овој период, тие стануваат кревки, дефокусирани и ранливи. Во периодот на адолесценцијата овие ситуации се тешки за децата и доколку се случуваат треба многу внимателно и темелно да се работи со нив. 

# Често училишните психолози и педагози учениците ги гледаат „казна“, бидејќи одат кај нив кога ќе направат некој проблем. Се случило ли некогаш ученик да дојде сам кај вас за да поразговара за било која тема? 

Па мислам дека тој тренд иако сеуште постои, сепак опаѓа. Сега многу почесто, доаѓаат учениците сами за да споделат некоја дилема, проблем или едноставно да поразговараат за тоа како се чуствуваат во врска со некоја ситуација. Секако има и ученици кои доаѓаат или се испратени од професорите затоа што несоодветно се однесувале за време на наставата, често се гледаме и со учениците на кои им треба поддршка во учењето, односно покажуваат намален успех, но пак истакнувам дека учениците веќе го знаат значењето на училишниот психолог и доаѓаат сами на разговор кога им е потребен. Има и ученици кои како што наведовте не доживуваат како казна, но секогаш се трудиме да најдеме начин да ја избалансираме ситуацијата и покрај се да им укажеме и на тие ученици дека доколку имаат некоја мака можат да се обратат кај нас, па потоа пробуваме заеднички да ги решаваме проблемите.

# Во моментов коронавирусот е актуелен како во нашата држава, така и секаде во светот. Како вашето училиште влијае врз едукацијата на учениците?

Додека бевме во училиште, во неколку наврати се одржаа информациони средби со претседателите на класовите, на кои се споделија сите важни работи околу актуелниот вирус. Со дел од класовите се одржаа и неколку работилници за запознавање со вирусот и мерките за заштита од истиот, но со оглед на тоа што веќе сме во домашна изолација, морам да истакнам дека во оваа ситуација најголемо влијание врз учениците имаат класните раководители. Тие веќе имаат формирано групи со своите ученици низ кои споделуваат информации околу наставните материјали, но и околу целокупната ситуација. Се трудат да им ја укажат важноста на учениците околу зачувување на сопственото здравје и здравјето на нивните блиски. Преку сугестии, пораки и едукација, ги охрабруваат да останат дома, да не се движат непотребно и да не прават групни собири во овој период. Сите наставници покажаа голема професионалност и несебичност во поддршка на учениците за онлајн настава, одговараат на нејасни прашања и се достапни за учениците. Изработивме и платформа на која секоја наставник може да закачи наставен материјал за овој период.

# Кои беа првичните мерки ги преземавте за заштита од истиот?

Училиштето беше дезинфицирано целосно, во секоја училница беа ставени сапуни и дезинфекциони гелови за раце. Беа читани соопштенија во сите класови, како да се заштитме и што треба секој од нас да превземе. На огласните табли имаше рекламен материјал од Министерството за здравство, како да ја превенираме заразата и како да се заштитме од вирусот.

# Кога се темите кои ја потресуваат нашата држава, тука е и „Јавна соба“. Каква беше состојбата во вашето училиште? Дали се создаде некоја тензија или пак страв?

Околу Јавна соба, сметам дека повеќе паника се создаде меѓу вработените, наставниците и стручните служби, отколку меѓу учениците. Колку што знаеме досега, во таа група наши ученици немало, но не можеме да го тврдиме тоа со сигурност. Разговаравме со учениците и на оваа тема, а особена паника и страв не се почувстува во училиштето. Мора да бидеме свесни дека учениците се дел од онлајн групи секојдневно. Живееме во време кога технологијата оди напред, а комуникацијата преку пораки, групи и социјални мрежи е се почеста и мислам дека тој тренд ќе оди напред. Јас со моите ученици разговарам на развивање свесност за членувањето во групи од овој вид, непознати, каде што секој користи скриено име и тие едноставно не знаат со кого разговараат. Да се избегнуваат овие групи, никогаш да не се споделуваат слики од било каков вид на групите, па дури и кога тие групи се со познати луѓе, да внимават на речникот кој го користат во разговорите и да бидет свесни дека некој може да ги злоупотреби. Доколку наидат на некоја ваква слична група тоа да го пријават кај своите родители или кај нас во училиште. Се случувало и претходно да имаме случај каде што некоја фотографии од ученик е злоупотребена или да дознаеме дека некоја ученичка е во онлајн комуникација со повозрасен непознат човек. Тогаш веднаш реагираме, ги известуваме родителите и интензивно разговараме со ученикот. Доколку има потреба се вклучува и секоторот за превенција од МВР.

# Што преземавте вие како психолог на установата за да ја ублажите ситуацијата?

Во училиштето преку работилници и дебати  често разговараме на овие теми (онлајн булинг, комуникација низ групи..) и тоа ќе продолжи и понатаму. Конкретно за оваа ситуација во училиштето беше одржано предавање, кое верувам се одржа во сите средни училишта на Град Скопје, во соработка со секторот за превенција од МВР.  На предавањето беа повикани група родители и ученици од нашто училиште, се разговараше на темата Јавна соба, кои мерки се превземени од страна на стручните лица, беа дадени совети за родителите и децата како да се заштитат од ваква злоупотреба и беа споделени искуства од двете страни. 

# Настрана работата, кој е вашиот став на оваа тема?

Како што кажав погоре, сметам дека на учениците не можеме да им ги забраниме социјалните мрежи и комуникацијата преку онлајн групи. Треба да бидеме будни, и ние како воспитно образовни работници, но и родителите, да ги следиме децата, интензивно да разговараме на оваа тема, членување во групи и соодветно однесување на социјалните мрежи. Со развивање на свеста сметам дека ќе се намали ризокот од злоуппотреба на тинејџерите. Почести работилници и соодветна едукација на темата соодветно однесување на социјални мрежи, онлајн булинг, последици и спречување на последиците, не само со учениците туку и со родителите.


Ивана Мисајловска

Објавена во: Stars // Интервјуа

Можеби ќе ве интересира: