Во прегратките на баба се спие најубаво: Цеца сподели видео кое ќе ве разнежни
Светлана Цеца Ражнатовиќ често со своите обожаватели споделува колку ужива во улогата на баба и колку е посветена на својот внук Жељко.
Пејачката овојпат ги разнежни обожавателите со видеото на кое го успива малиот Жељко, а потоа го сними и моментот додека тој спие во нејзините прегратки.
Цеца исто така се гледа дека е подготвена за спиење и на видеото е без грам шминка, а на градите ѝ стои цуцлата на внукот.