Во Србија беше уапсен на протест, во Франција го прогласија за студен на генерација: Школувањето ќе го продолжи во Швајцарија
21 - годишниот Богдан Раониќ од Крагујевац, со вонсериски талент за физика и математика, дипломираше како студент на генерацијата на престижниот Факултет за политехнички науки во Париз. Наспроти успехот во странство, овој студент, со кој Србија би требало да се гордее, во својот роден град беше уапсен и понижен за време на минатогодишните протести. Тогаш, Богаш помина 48 часа во притвор и беше третиран како хулиган, бидејќи со уште неколку другари се нашол во близина на место на кое полицијата бркала демонстранти.
Одличен студент, стипендист на Владата на Република Франција, ученик на генерација и првенец во Математичката гимназија, освојувач на многу награди на натпревари по математика, младиот Богдан Раониќ го исполни својот сон и дипломираше на престижниот факултет „École Polytechnique“ во Париз.
Дипломата со која е прогласен и за студент на генерација на насоката математика и физика, ја објави на својот Твитер профил со зборовите: „Не можам да опишам колку сум среќен поради ова“.
Danas sam diplomirao i proglašen sam za valediktorijana (studenta generacije) za smer "matematika
— Bogdan Raonic (@raonic_bogdan) July 16, 2021
i fizika" na Ecole Polytechnique . Ne mogu da opišem koliko sam srećan zbog ovoga. pic.twitter.com/Y6VDCsMMt4
„Беше уапсен, бидејќи се најде на погрешно место, а неговата младост одговараше на профилот на демонстрантите кои полицијата ги бркала“ - во тоа време за порталот „нова.рс“ изјави неговата мајка Наташа.
Денес, вели дека е пресреќна поради неговиот успех и додава дека по една година од апсењето, сѐ уште не го знаат епилогот на трауматичната ситуација, која во тоа време го вознемирила целото семејство.
„Ние никогаш не добивме некој официјален документ по пуштањето на Богдан од затвор. Пуштен е без документ, без ништо, како тие две ноќи никогаш да не се случиле. Воопшто не знаеме каков е епилогот. Момчињата кои беа уапсени заедно со него, неодамна добија повик за да дадат свои изјави, но на Богдан ништо не му стигна. Јас само се надевам дека тоа е завршена приказна“ - истакна неговата мајка, која сега на прво место ја има ставено радоста на Богдан поради постигнатите резултати и неговото понатамошно усовршување.
Таа откри дека Богдан добил целосна стипендија за магистерски студии по применета математика на Универзитетот „ЕТХ“ во Цирих, каде воедно ќе работи со угледни предавачи и професори.
Информациите за понудената стипендија на универзитеотт во Цирих, неодамна ја објави и самиот Богдан, со коментар дека му е чест што ќе биде дел од образовната установа која ја посетувале великани како Ајнштајн, Фон Нојман и Блох.
Upravo sam prihvatio ponudjeno mesto i ful stipendiju za master studije iz Primenjene Matematike na Univerzitetu ETH u Cirihu . Drago mi je da ću biti deo škole koju su pohadjali Ajnštajn, fon Nojman, Bloh i mnogi drugi. Šta pijete?
— Bogdan Raonic (@raonic_bogdan) April 6, 2021