Во тужба до Тревис Скот и Дрејк: Фамилиите на жртвите бараат отштета од 750 милиони долари

Во тужба до Тревис Скот и Дрејк: Фамилиите на жртвите бараат отштета од 750 милиони долари

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Тревис Скот и Дрејк се наведени во тужбата со која се бара отштета од 750 милиони долари, поднесена од адвокат во име на 125 жртви повредени на фестивалот Астроуорлд, вклучително и семејството на еден човек кој беше убиен.

Аксел Акоста (21) почина од последиците од стампедото. Адвокатот Тони Базби изјави за магазинот People дека смртта можела да се избегне и дека тоа е резултат на невнимание.

„Кога Аксел падна, го згази публиката која брзаше кон сцената. Лежеше на подот, а Тревис продолжи да пее во следните 40 минути“, рече тој.

Во тужбата се наведуваат и Apple Music, Live Nation, Epic Records, Scott's Cactus Jack Records и Tristar Sports & Entertainment Group.

„Дрејк многу добро знаеше дека слични опасни ситуации се случија на минатите концерти на Тревис. Тој беше свесен дека ќе се појават голем број луѓе и дека може да се случи трагедија“, се вели во тужбата.

Трагедијата на фестивалот „Astroworld“ им ги промени животите: Кајли Џенер е очајна, раперот е во константен шок

Скршен сум, се молам за семејствата на жртвите: Се огласи Тревис Скот по невидената трагедија на неговиот настап

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: