Во време на карантин плачеше од среќа: Што го израдува Стеффонатор?

Во време на карантин плачеше од среќа: Што го израдува Стеффонатор?

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Стеффонатор, еден од најпопуларните македонски јутјубери, како и сите луѓе во целиот свет е во изолација, поради моменталната пандемија. Коронавирусот не поттикна сите да останеме дома, покрај своите најблиски. За оние кои се навикнати да бидат постојано надвор и во поголема група на луѓе ова е навистина тежок период, но има и такви кои им се радуваат на овие денови.

Но, за разлика од сите нив, нашиот јутјубер го израдува една пратка. Истата му е испратена од јутјубер и во неа имаше сребрена плакета, која му беше испратена поради бројот на претплатници кои ги има на неговиот Јутјуб канал, а тој ги има 103 илјади.

Од отварањето на пакетот тој објави видео, во кое сподели дека најпрво го дезинфицирал подарокот, а не можеше и да ги сокрие солзите радосници. Тој вели дека ова е остварување на неговиот сон и дека откако го отворил неговиот канал се надевал дека ќе ја добие оваа пратка.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: