Војаж и Бресквица се верија - обожавателите во транс: „Луѓе, официјално е“
Пејачката на својот Инстаграм профил ја објави среќната вест и стави емотикон со веренички прстен. Со оваа објава таа сподели со своите обожаватели дека Војаж ја има побарано за жена, а честитките доаѓаа од сите страни.
Еден од најпознатите балкански парови, Анџела Игњатовиќ и Михајло Веруовиќ, попознати како Бресквица и Војаж, наскоро би можеле да застанат на лудиот камен. Овој млад музички пар ја објави среќната вест на Инстаграм, каде покрај фотографијата напишаа: „Луѓе, официјално е“.