Војна помеѓу соседите: Младите ТикТок ѕвезди ги претвараат вилите во ноќни клубови и ги кршат сите јавни прописи
За време на карантинот, младите богати ѕвезди на социјалните мрежи, но и останатите богаташи, масовно изнајмуваа куќи во овој дел од Лос Анџелес...
Ова лето, градоначалникот на Лос Анџелес, Ерик Гарсети, се најде „помеѓу два огна“: ТикТокери кои изнајмуваат куќи поради забави и остатокот од граѓаните кои се противеа на тоа.
На удар на 19 август беше куќа во населбата Холивуд Хилс, која младите ТикТок ѕвезди ја претворија во „ноќен клуб во ридовите“, а станува збор за изнајмена вила која се простира на скоро 800 метри квадратни. „Sway House“ е спорната вила, за која се тврди дека била симбол на „кршењето“ на сите здравствени прописи среде пандемијата.
Иако оваа вила не е единствена, предизвика војна: соседите се побунија и е создадена „воена зона за забави“ (party war zone). На оваа куќа иаку се укинати сите комуналии,а градскиот обвинител исткана:
„Наведуваме дека во многу случаи, овие странки и другите поврзани со нив, кои организираа забави во други куќи, го нарушија квалитетот на животот на соседите во погодените заедници.“
Како што се наведува понатаму, „доколку имате 19 милиони корисници на ТикТок, среде криза на јавното здравје, би требало да промовирате адекватно однесување, најдобра пракса за сите нас, наместо дрско да се крши законот, а потоа да поставувате видеа за тоа.“
За време на карантинот, младите богати ѕвезди на социјалните мрежи, но и останатите богаташи, масовно изнајмуваа куќи во овој дел од Лос Анџелес, за да се изолираат, но и да прават забави, односно да ги претвараат во ноќни клубови. Тоа се т.н. „куќи за соработки“ (collab houses), настанати на почетокот на 2020 година.
ТикТок ѕвездите објавуваа видеа од вилата која вреди неколку десеци или дури стотина милиони долари и така привлекуваат нови следбеници. Овој тренд доведе до многу новодојденци, што нивните соседи, кои се тука со години, навистина не ги сакаат.
фото: Unsplash