Возач на Убер му се заканувал на Џејмс: „Рече дека ќе нè истепа“
Инфлуенсерот доживеа несекојдневна ситуација за време на возење со Убер, а потоа го сподели со своите обожаватели на социјалните мрежи.
Американскиот јутјубер Џејмс Чарлс доживеа вознемирувачка ситуација за време на возење со Убер во Орландо, јавува Cosmopolitan. Имено, возачот бил многу непријатен кон него и неговите пријатели, а потоа им се заканил дека физички ќе ги нападне.
„Моите колеги и мене не нарече глупави, а потоа се закани дека ќе нè истепа“ - напиша Џејмс на Твитер.
<blockquote class="twitter-tweet"><p lang="en" dir="ltr"><a href="https://twitter.com/Uber?ref_src=twsrc%5Etfw">@Uber</a> <a href="https://twitter.com/Uber_Support?ref_src=twsrc%5Etfw">@Uber_Support</a> hi! one of your drivers in orlando just called my employee & I dumbasses, bitches, & threatened to hit us. please contact me as soon as possible.</p>— James Charles (@jamescharles) <a href="https://twitter.com/jamescharles/status/1233219084621316096?ref_src=twsrc%5Etfw">February 28, 2020</a></blockquote> <script async src="https://platform.twitter.com/widgets.js" charset="utf-8"></script>
Малку подоцна му се јавиле од Убер и му порачале дека ваквите ситуации ги сфаќаат сериозно и дека ќе проверат за кој возач станува збор и дека ќе ја решат ситуацијата што е можно побрзо, за истата да не се повторни повторно.
Обожавателите на јутјуберот набрзо во коментари под објавата го изразија своето разочарување од ваквото однесување на возачат, а на Џејмс и неговите колеги им дадоа поддршка.