Вреди скоро пет милиони долари: Погледнете како изгледа новата вила на Мајли Сајрус (ФОТО)

Вреди скоро пет милиони долари: Погледнете како изгледа новата вила на Мајли Сајрус (ФОТО)

Објавена во: Мода // Must have

Мајли Сајрус има фази во животот кога „e дивa“ и повторно се смирува, така што тие фази одат во круг и ние никогаш не сме сигурни во каква позиција е сега, но неодамна изјави дека е трезнa повеќе од половина година . После грижата за гласните жици и напуштањето на алкохолот, се чини дека нејзиниот живот се враќа во нормала, а таа штотуку купила нова вила во близина на Лос Анџелес, за која дала скоро пет милиони долари!

Локацијата на куќата е познатата „Hidden Hills“, луксузен, северен дел на Лос Анџелес, каде обично живеат голем број на sвезди, па цената на куќата достигнала до 4,95 милиони долари. Таа цена е секако разбирлива, имајќи предвид дека Мајли сега поседува шест огромни спални соби и огромен, луксузно декориран двор од повеќе страни околу вилата.


Според „ Дејли меил“ , куќата била изградена во 1950-тите во француски стил, што може да се види особено на прозорците и дневната соба.

Дневната соба гледа на терасата и огништето, а луксузно опремената кујна е од другата страна. Мајли во изолација нема да мора да копнее по киното како обичните луѓе, но има и своја сала со осум црни, удобни кожни столчиња и големо платно.

На оваа слика можете да ја видите главната бања, која има посебен тоалет, а Мајли може да избере помеѓу када и туш кабина, таа ги има и двете во една бања - туш кабината дури е прилагодена за две лица!

Бањата не завршува тука, од друга страна, има дел издвоен за шминкање, со големи огледала и маса!

Мајли има огромен простор и надвор од куќата, а од другата страна на дворот е базен во форма на лагуна, заедно со спа област, која е можеби најубавиот дел од сето тоа. Како ви се допаѓа новиот дом на Мајли?

извор:famoza.net

Објавена во: Мода // Must have

Можеби ќе ве интересира: