WhatsApp добива нова функција која ќе биде од корист: Многумина ќе бидат воодушевени

WhatsApp добива нова функција која ќе биде од корист: Многумина ќе бидат воодушевени

WhatsApp константно ја надоградува својата платформа за комуникација со нови опции и можности, а една од таквите функции која ја подготвуваат се однесува на анкетите.

Можноста анкета, односно гласање помеѓу повеќе можно одговори на поставено прашање, веќе некое време ја имаат корисниците на конкурентските платформи, како Вибер и Телеграм. Според информациите од страницата „WABetaInfo“, функцијата анкета на WhatsApp е во рана фаза на развој и уште не е познато како ќе изгледа, но затоа знаеме дека ќе помине уште некое време додека да им биде достапна на сите корисници.

Ќе може да се користи во групните разговори во кои ќе биде многу корисна, па личностите кои учествуваат во разговорот ќе може на едноставен начин да одлучат за тоа кој филм би сакале да го гледаат во кино, каде би сакале да се забавуваат во сабота вечер и така натаму.

Иако не станува збор за револуционерна опција која би ги оставила корисниците без зборови, секако треба да се пофали секој новитет кој ќе го подобри искуството кога е користењето на апликацијата во прашање.

Од WhatsApp уште нема официјални информации за анкетите и можностите за гласање во групните разговори, а кога таа опција ќе биде при крај, прво можеме да ја очекуваме во тест варијанта на апликацијата, па тогаш и ќе знаеме дека се наближува нејзиното официјално лансирање.

фото: unsplash.com

Можеби ќе ве интересира: