За децата ретко зборува и никогаш се немаат појавено во јавност: Како изгледа талентираната Анѓела, ќерката на Бајага? (ФОТО)
Момчило Бајагиќ Бајага од бракот со Емилија има две деца - синот Марко и ќерката Анѓела.
Пејачот со децении е присутен на јавната сцена во Србија и за сето тоа време никогаш не го експонирал својот приватен живот. За неговата кариера се знае многу, но за семејството многу малку.
Кога се дозна дека се разведува по повеќе од три децении брак, многумина беа изненадени, но Бајага ниту тогаш не сакаше да ги коментира наводите.
Музичарот многу често истакнува дека синот и ќерката му се најголема поддршка, но и искрени критичари, меѓутоа семејно многу ретко се појавуваат во јавноста.
„Марко и Анѓела се најголеми критичари на мојата работа, но секогаш се позитивни. Двајцата сакаат да ја слушаат мојата музика, иако забележувам дека се многу субјективни кога ги проценуваат моите песни. Нивното мислење го прифаќам, но мислам дека во главно им се допаѓа тоа што работам. Така велат“ - кажа Бајага во едно од ретките интервјуа во кои зборуваше за децата.
На Инстаграм се појави фотографија на која Бајага е со ќерката Анѓела. Инаку, таа е родена во 1998 година, осум години по раѓањето на Марко, а како што кажа Бајага во една прилика, таа има интерес за музиката.
„Анѓела помалку свири клавир, помалку и гитара. Две години одеше на часови по пеење кај мојата добра пријателка Александра Ковач, а се определи за дизајнерско училиште“.
фото: Принтскрин / Јутјуб