За лајкови или кејф: Матурант од Битола со два пајтони прошета низ градот на конзулите
Крајот на училишната година за матурантите значи славење за завршувањето на средното образование. Почеток на нов дел од животот и поголеми одговорности со полнолетството.
Низ годините, односно пред пандемијата на коронавирусот, матурантите се подготуваа за овој свечен чин со месеци, додека минатата година и оваа некако прославија поскромно.
Некои да, ама еден матурант од Битола со два пајтони прошета низ градот на конзулите. Во едниот седи тој скоцкан од глава до пети, а во другиот музиката.
На видеото кое кружи на социјалните мрежи се слуша и познатата народна песна „Ако одам во Битола“.
Секоај чест за ова храбро момче, кое си направило кејф, или пак сето ова го направило за денес многу ценетите лајкови и шерувања.
Фоот и Видео: Фејсбук/Seir