За помалку од минута: 3 пролетни фризури за беспрекорен изглед што се прават за миг (ФОТО)

За помалку од минута: 3 пролетни фризури за беспрекорен изглед што се прават за миг (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Фото: SHUTTERSTOCK

Тие не бараат многу време за обликување на косата, а сепак изгледаат одлично!

1. „Bubble“ опавче

Во оваа варијанта, класичното опавче е „зачинето“ за кратко време со неколку ленти за коса. Еве како се прави-обликува: како и обично, врзете ја косата во високо опавче. Потоа земете повеќе стегачи за коса и поделете ја опашката на „меурчиња“ на секои неколку инчи. Конечно, раширете ги меурчињата малку со прстите, поправете ги со малку лак за коса - и готово. 

Фото: Инстаграм/alexbrownhair


2. Неуредна пунџа

Неуредна пунџа е во тренд и оваа година, се прави брзо, и одговара на секоја жена. Едноставно врзете ја косата во опашката, или на задниот дел од главата или на задниот дел од вратот, завртете ја во полжав и обликувајте сè со шноли.

Совет за стилизирање: ако сакате малку да ја „зачините“ неуредната пунџа, можете, на пример, да врзете шарена свилена шамија околу пунџата што одговара на облеката. Веднаш создава романтичен, разигран изглед. 

Фото: Инстаграм/ negin_mirsalehi


3. Лабава коса со плетенка / марама за коса

Со цел да и дадете на косата „тоа нешто“, можете лесно да додадете плетенка или шик марама за коса. Не само што изгледа добро, туку може мудро да ја прикрие и неизмиената коса. Сè што треба да направите е да ја изчешлатекосата и да ставите плетенка или марама за коса - и имате убава пролетна фризура за помалку од минутка. 

Фото: Инстаграм/ sincerelyjules


Можеби ќе ве интересира:

Тинејџерка која моментално има најдобар стил: Сури Круз ќе полни 15 години, а нејзините модни изданија се спектакуларни

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: