За првпат во јавноста по интервјуто кај Опра: Меган Маркл со уникатен накит испрати моќна порака
Бремената Меган Маркл го имапе првото официјално појавување за прв пат после интервјуто кај Опра.
Покрај моќната порака која ја испрати, Меган го привлече вниманието со накитот кој го носеше, односно можеби за првпат е забележана со толку накит на неа, иако како и секогаш тоа го искомбинирала на одличен начин.
Пред се, внимание привлече со ланчето со знакот за женска моќ, кое не го носеше случајно бидејќи токму таква порака и сакаше да испрати порачувајќи дека ќерката која таа и Хари ја очекуваат треба и сакаат да живее во „правичен“ свет.
Јас и мојот сопруг веруваме дека е од клучно значење да се даде приоритет на здравјето, безбедноста и успехот на сите, но особено на жените кои беа непропорционално погодени од оваа пандемија“, изјави Меган и продолжи:
„Мојот сопруг и јас сме воодушевени што наскоро ќе дочекаме ќерка. Тоа е чувство на радост што го споделуваме со милиони други семејства ширум светот.Кога мислиме на неа, мислиме на сите млади жени и девојки ширум светот на кои мора да им се даде можност и поддршка да не водат напред“.