За синот девојките веќе губат глава: Погледнете како изгледаат децата на Ѓоле и Весна Ѓогани (ФОТО)

За синот девојките веќе губат глава: Погледнете како изгледаат децата на Ѓоле и Весна Ѓогани (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Весна и Ѓоле Ѓогани го имаат синот Адријан и ќерката Лаура, кои ретко ги прикажуваат на социјалните мрежи.

Естрадниот српски пар Ѓоле и Весна Ѓогани со години е присутен на локалната музичка сцена, а за нивниот брак се знае многу во јавноста. Тие двајца важат за хармоничен пар, кој ретко се разделува, па дури е незамисливо овој пар да се појавува одвоено на јавни настани или да функционира еден без друг.

Меѓутоа, кога станува збор за нивните деца, таму стануваат малку потаинствени.

И додека Ѓоле од првиот брак со Слаѓа Делибашиќ ги има ќерките Силвија и Маринела, со Весна ги доби синот и ќерката Адријан и Лаура. Сепак, тие двајца не се експонираат пред медиумите, а особено Лаура, со оглед на тоа што таа се уште е во основно училиште.




Но, Весна повремено објавува нивна фотографија, а можеме да видиме колку всушност пораснале.

Лаура е преслатко девојче, додека Адријан пораснал во згоден дечко и нема сомнеж дека девојките лудуваат по него.

— Убава Весна и нејзините ангели, — Убави деца, имаат на кого да се огледаат, — Убаво семејство, — Веки, сите личат на тебе — се само дел од коментарите на социјалните мрежи, а Наталија Трик ФХ напиша „мамини“.

Своевремено Весна зборуваше како ги воспитува децата и како се бори со тинејџерските „бубачки“.


- Како што Адријан старееше, не можев да се справам со неговиот темперамент, тој не ме слушаше и мислеше дека знае подобро сè. Затоа се обратив кај стручно лице за помош и научив да му пристапувам на моето дете поинаку за да најдеме заеднички јазик. Во овој поглед, Ѓоле беше различен од мене, знаеше да повлече линија и да биде строг кога треба, но и попустлив во иста мера - објасни Весна гостувајќи во емисијата на Гоце Тржан.


ФОТО: Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: