Заедно се речиси 10 години, а вљубени како првиот ден: Вака Николија и Реља уживаат на одмор (ФОТО)

Заедно се речиси 10 години, а вљубени како првиот ден: Вака Николија и Реља уживаат на одмор (ФОТО)

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Имаат врска на која многумина би можеле да позавидат.

Реља Поповиќ и Николија Јовановиќ се заедно речиси една деценија, а круна на нивната љубов се двете ќерки. Тие уште еднаш на социјалните мрежи покажаа дека се сакаат како и првиот ден.

Двајцата моментално се на море, а решиле да се прошетаат со скутер на вода. Тие не ја криеја насмевката, а очигледно е дека многу уживаат во одморот.

Инаку, колку успешно Реља и Николија успеваат да го заштитат семејството и да не откриваат ништо за своите деца, говори и тоа што долго време не се знаеше ниту како се викаат нивните ќерки.

-Да не прашавте, нивните имиња немаше ниту да бидат во јавноста, но ете излезе од контрола. Жал ми е што е така. Со фотографии и видеа се трудиме да ги задржиме за себе. Нашето мислење е дека треба да ги заштитиме од коментари и од се, а кога ќе пораснат сами да одлучат дали сакаат да бидат јавни личности. Не сакаме да правиме јавни личности од нив без нивна дозвола, а тие моментално не се свесни за тоа. И мене ми пречеше, пред да почнам да пеам, кога ќе се појавам во весник како дете на јавна личност, изјави неодамна Николија.

Фото:nikolija/reljapopovic/instagram

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: