„Заљубен сум, многу ми е убаво“: Тамара е прва девојка која Војаж ја претстави на јавноста по раскинувањето со Бресквица
За љубовниот
живот на младиот музичар Војаж се шпекулира уште откако ја прекина романсата со
колешката Анѓела Игњатовиќ позната како Бресквица.
И додека таа набргу по раскинувањето влезе во врска во која ужива и денес, Михајло Веруовиќ – Војаж, постојано одбиваше јавно да зборува за своите љубовни избори.
Меѓутоа, откако се дозна дека долго време е во хармонична врска со инфлуенсерката Тамара Кујачиќ, Војаж „попушти“ конечно и ја сподели нивната прва заедничка фотографија на социјалните мрежи, со што ги потврди овие сознанија на медиумите.
-Заљубен сум. Тоа е веќе јавна работа. Имам девојка, многу ми е убаво. Би сакал тој дел од мојот живот да го задржам што е можно поприватен, бидејќи тоа е единственото нешто што може да биде мое. Не сакам повеќе да имам стрес, сакам да уживам - изјави неодамна Михајло за медиумите, а пренесуваат медиумите.
Инаку Војаж, беше виден со Тамара додека беа на одмор во Осло, сепак тогаш се уште не сакаше да открие ништо, веројатно, додека не се увери дали таа е вистинската девојка за него.
Фото. Инстаграм