Завршив во затвор, ме тепаа: Бака Прасе откри зошто го немаше волку долго
Водечкиот јутјубер на Балканот ги израдува своите обожаватели, бидејќи после подолг период објави ново видео на својот јутјуб канал.
Со оглед на тоа дека јутјуберот не објавуваше ништо одредено време, како и дека ги избриша фотографиите од својот Инстаграм профил, се појавија шпекулации дека одлучил да го напушти јутјубот и јавниот свет воопшто.
Меѓутоа, Бака Прасе повторно предизвика хаос со своето ново видео во кое им објасни на своите обожаватели за што станува збор.
„Мислам дека е време да кажам зошто ме немаше 15 - тина дена на сцената. Верувам дека помисливте дека се повлекува, а искрено не ни размислував за повлекување. Едноставно морав поради некои работи, не беше до мене. Петнаесет дена ме немаше на сцената, немав ништо објавено, ги повлеков фотографиите, бидејќи не знаев кој ќе биде резултатот на сето она што се случува“ - започна Богдан.
Тој откри дека причина проади која го немало толку долго е затворот.
„Бев во затвор, 15 дена. Поради сето ова што се случуваше. Некој заминал во обвинителството и поднел граѓанска пријава против мене. Обвинителството било обврзано да го провери тоа и испратија луѓе по мене.“
По ова излагање, Бака ги прикажа сцените кои наводно му се случиле на судењето и во затвор, а потоа го додаде следното:
„Успеав да излезам посилен отколку што бев, а Институцијата и понатаму е тука“ - истакна, па порача дека продолжува посилен од било кога и дека нема намера да престане да се занимава со јутјуб.