Заздравувањето трае уште, а има и последици: Џејла Рамовиќ проговори за сериозната операција
Поради операцијата, пејачката неколку месеци беше во илегала, а сега конечно се врати на сцената...
Победничката на 13-тата сезона од музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, Џејла Рамовиќ неодамна го оперираше коленото. Пејачката со години имала проблем, а потоа собрала храброст и се препуштила во рацете на специјалистите.
Еден временски период беше во илегала, а сега полека се враќа на сцената. Меѓутоа, заздравувањето уште не е конечно, а пејачката вели дека ги чувствува последиците од операцијата.
„Со оглед на тоа што беше многу тешка операција. Поминаа два и пол месеци од неа. Некако посебно е изразена последицата од операцијата во мојот живот. Не ми беше сеедно, но едвај дочекав да дојдам до некој степен, каде што ќе можам да се вратам на сцената“ - кажа Џејла за „Србија данас“.
За потсетување, по операциајта Џејла на следбениците има кажа дека ѝ паднал голем товар и веднаш им се пофали дека интервенцијата поминала добро.
фото: Принтскрин / Инстаграм