Здравко Чолиќ никогаш поотворен за професијата на ќерките: „Гледам дека сакаат да се сликаат“
Фото: В.Тануровски
Здравко Чолиќ е горд татко на две ќерки: Уна (21) и Лара (16), кои ги има од бракот со Александра.
За разлика од неговата сопруга Александра која не сака да се експонира, ќерките покажуваат знаци на голем интерес за јавниот живот.
Неговата постара ќерка Уна Чолиќ стана вистинска атракција на Инстаграм, додека јавноста будно го следи нејзиниот профил каде објавува фотографии кои многумина ги сметаат за провокативни.
Популарниот Чола е познат по тоа што ретко го споделува својот приватен живот со јавноста, а речиси и не зборува за семејството. Сепак, овој пат направи исклучок и за прв пат проговори за она со кое се занимаваат неговите ќерки:
„Тие се музикални, но кога ќе пробам нешто и ќе ги прашам дали сакаат да снимиме нешто, тогаш тие се повлекуваат. Сакаат музика и слушаат различни насоки. Полека навлегуваат во нешто што, би рекол, е со подобар музички квалитет. Обично тоа се само дигитални нови песни, наши или странски, диџеј верзии и тоа. Но како одминуваат годините гледам дека и тие знаат и слушаат некои од моите песни. Ако сакале да се занимаваат со музика , дефинитивно би ги поддржал во тоа и би го следел нивниот талент“, изјави Здравко Чолиќ, пренесува „Хеломагазин“.
„Но, пред сè, тие се оние кои би морале да покажат некаква иницијатива бидејќи нема ништо од тоа да влечете некого во нешто. Никогаш не сум сакал родители кои ги тераат своите деца да направат нешто ако не се за тоа. Да запишат на медицина, математика, тенис, престиж и слично ако детето не е за тоа не е. Така е и кога е уметноста во прашање. Верувам дека со тек на време и полека ќе откријат што ги привлекува, за што чувствуваат страст и желба да се посветат на тоа, и дефинитивно ќе бидам тука секогаш да ги поддржам во тоа“.
- Гледам дека сакаат да се сликаат. Беа неколку пати на некои настани и потоа ги ставаа тие фотографии на Фејсбук, Инстаграм и тоа, особено постарата ќерка. Ова се сега тие години, но и одраз на целата генерација која расте со социјалните мрежи и води поинаков живот од оној што го живеевме. Би сакал еден ден да го прават она што го сакаат, да бидат независни, да заработат свои пари и да ги постигнат своите цели, а тато секогаш ќе биде татко и тука за нив. Што ќе биде и дали ќе се занимаваат со јавна работа е од една страна во Божји раце, а од друга страна, важна е и нивната амбиција“.
Извор: stil.kurir.rs