Зејн Малик и Џиџи Хадид се венчаа во тајност?!
Овие денови многу се зборува за Зејн Малик и Џиџи Хадид, пред се поради фактот дека го очекуваат првото дете, а обожавателите се убедени дека веќе се венчале.
Иако се смирија во декември минатата година, веќе со години се во врска со мали прекинувања, а Зејн објави дека ја истетовирал песната „On love and Marriage“ од Калил Џибран.
„Родени сте заедно и заедно ќе бидете засекогаш. Но, нека има простор во вашето заеднишство и нека ветровите на Рајот танцуваат помеѓу вас. Љубовта не е да се поседува, ниту да бидете поседувани. Сакајте се еден со друг, но нека врска не биде само до љубов“ - вели песната.
„Нека вашата љубов биде море помеѓу брегот на вашите души. Пејте и играјте заедно и уживајте еден во друг, но дозволете му на другиот да биде малку сам. Дајте ги своите срца, но дајте им ги на друг. Стоете заедно, но не премногу блиску, како што столбовите на храмот стојат раздвоени, а дабот и чепресот растат заедно, но не и во сенките“ - се вели понатаму во песната.
Со оглед на тоа дека ова е песна за љубов и брак, многумина се запрашаа дали парот стабил во брак или тоа го планираат.
Засега, нема потврда за овие гласини, но она што сигурно е потврдено е дека Џиџи и Зејн очекуваат девојче.