Желбата да изгледа како лик од цртан филм за малку ќе ја чинеше живот: По операција доживеа оштетување на мозокот, па сега ги предупредува сите

Желбата да изгледа како лик од цртан филм за малку ќе ја чинеше живот: По операција доживеа оштетување на мозокот, па сега ги предупредува сите

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Нејзината опсесија со пластична хирургија завршила

Швеѓанката Пикси Фокс платила 80.000 евра за пластична операција, што драстично го променила нејзиниот личен опис, а сето тоа поради желбата да се претвори во „лик од цртан филм“.

Меѓу другото, Фокс извадила шест ребра за да личи на Џесика Ребит и Заспаната убавица од кои црпела инспирација.


Оваа 32-годишна девојка од Шведска направила операција на градите, отстранување на ребрата и реконструкција на лицето. Поради екстремните промени таа изгледаше како жив цртан филм.


Сепак, сè се променило кога операциите почнале да се комплицираат заедно со нејзиното закрепнување по нив.

Тогаш конечно решила да престане и да се посвети на своето здравје и закрепнување.

-Ви благодариме за трпението. Се опоравувам од компликации за време на операцијата. Поминав време со моето семејство и неколку пријатели кои ми помогнаа во текот на овој процес. Бев позната по пластичните операции, ги рекламирав лекарите и зафатите што ми ги правеа – изјави таа.

Сега, вели, го пишува овој пост бидејќи гледа како други девојки го рекламираат докторот кој за малку ќе ѝ ставил крај на животот.


- Живеам дома со моето семејство во Шведска, се опоравувам од оштетувањето на мозокот што го добив по операцијата кај овој доктор. Тој ги уништи животите на толку многу луѓе. Дури и заврши еден човечки живот. Не презема никаква одговорност за тоа. Дури и ме блокираше на социјалните мрежи. Се разбира, тоа е она што тој го прави кога работите ќе тргнат наопаку. Јас не сум првата. Овој пост го пишувам само како предупредување за другите. Не му верувајте на овој доктор – додава Фокс.

Таа има среќа што сè уште е жива откако беше во кома повеќе од една недела.


Фото: Инстаграм
Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: