Жестока кавга поради мешање во кариерата: Се појавија наводните причини за разделбата на Теодора Џехверовиќ и Нина
Нивните заеднички пријатели се надеваат дека ова сепак не е дефинитивен крај и дека тие двајца ќе се смират...
Како бомба одекна веста дека познатата двојка ставила крај на љубовта. Теодора Џехверовиќ и Нино Челебиќ наводно раскинале поради жестока расправија, која ја започнале заради нејзината кариера.
Имено, „Курир“ од доброизвестен извор близок до пејачкта дозвнава дека нивната разделба не е маркетиншки трик.
„Џехверовиќ и Нино жеското се скараа поради тоа што тој ја искритикува поради, како што тој смета, лошите потези кои ги прави во кариерата. Ѝ кажа дека не е добро за неа да прави лажни кавги со колешките само за да ја испромовира новата песна, како што беше случај со Махрина и нивниот дует. Ѝ покажа какви лоши коментари добила на социјалните мрежи поради тоа и дека поради оваа лага сите ѝ се смеат. Освен тоа, тој со повисок тон ѝ кажал дека повеќе не сака да биде нејзин потрчко и да ја чека на аеродром, што неа ја извадило од такт“ - кажа изворот и додаде:
„Навистина се изнервира, и му порача дека никој не смее да ѝ се меша во кариерата и да не му паѓа на памет да ја советува и дека му е попаметно да се занимава со кошарка. Нино многу се вознемири поради тие зборови, веднаш се спакува и замина од станот. Ѝ порача дека завршиле, а веднаш потоа и се отследија од Инстаграм“.
Сепак, според приказната на изворот, нивните заеднички пријатели се надеваат дека ова не е крај и дека тие двајца ќе се смират, иако сега не зборуваат. Тие и досега неколку пати бурно раскинуваа, но по неколку дена се смируваа и ја продолжуваа врската како ништо да не се случило, па веруваат дека така ќе биде и овој пат.
За потсетување, Џехверовиќ пред разделбата дури сакаше да направи и свадба до крајот на годината, но не успеа да организира сѐ, па на лудиот камен планираа да застанат следната пролет.
фото: Принтскрин / Инстаграм