Згодно тело во бело и виолетови чевли: Богдана Ражнатовиќ ги хипнотизираше сите за роденденот на момчето на Цеца
Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ веќе неколку месеци ужива во емотивната врска со Богдан Срејовиќ, а што го претстави на јавноста, беше јасно дека таа врска е веќе сериозна.
Срејовиќ го прослави својот 38 - роденден, а за таа прилика ги собра најблиските во градината на еден локал во Белград. Помеѓу гостите беше и неговата партнерка, но и нејзиното семејство. Освен пријателите на Богдан и девојката, на забавата беа присутни и Анастасија Ражнатовиќ, Лидија Оцокољиќ, како и убавата Богдана Ражнатовиќ, сопругата на Вељко.
Богдана не сака да се експонира во јавноста, па така, нејзиниот Инстаграм профил не е отворен за јавноста, ниту пак често се појавува на градските настани, туку е посветена на мајчинството. Сепак, убавицата од Тител на забавата се појави скоцкана од глава до петици, па го привлече вниманието на сите присутни.
Нејзиниот стајлинг се состоеше од бел кроп топ, бели панталони со висок струк и ногавици кои лесно се шират, а на нозете виолетови високи потпетици. Богдана во оваа прилика ја остави косата пуштена, како што и ја носи најчесто, а со згодното тело ги воодушеви сите присутни.
фото: ANTONIO AHEL/ATAIMAGES