Ѕирнете во куќата на Кајли Џенер и Тревис Скот: Ја продаваат за 21,9 милиони долари, а деталите од спалната соба ќе ве маѓепсаат (ФОТО)
Познатата двојка има куќа која изгледа неверојатно. Од спалната соба имаат поглед кон океанот и цел Лос Анџелес.
Кајли Џенер и Тревис Скот одлучија да ја продадат својата куќа која се наоѓа во Лос Анџелес, а цената која ја бараат за неа е огромна.
Имено, тие двајца изградија неверојатно елегантна и убава куќа на плац кој зазема 16.700 квадрати.
Куќата има 7 спални соби и 11 бањи. Стамбениот простор се простира на три ката, а има и гаража во која може да се соберат дури 20 автомобили. Освен тоа, тука е приватната теретана, киното со 15 места, винотеката со повеќе од 650 шишиња разни скапоцени вина.
Она што на многумина им падна во очи е и огромниот базен кој се наоѓа во склоп на вилата. Освен него тука е „зен“ градината, како и 300 стебла од различни овошки.
Сепак, она што на сите им го одзема здивот е погледот од една од спалните соби од која се добива впечаток како да се има цел Лос Анџелес на дланка. За нивниот рај на земјата, познатата двојка бара неверојатни 21,9 милиони евра.
Како изгледа таа, погледнете во продолжение:
фото: Профимедиа / Инстаграм