Живее на висока нога иако е пред банкрот: Зоранах ги губи клиентите со брзина на светлината, а ова е причината! (ФОТО)

Живее на висока нога иако е пред банкрот: Зоранах ги губи клиентите со брзина на светлината, а ова е причината! (ФОТО)

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Популарнaта блогерка наводно повеќе не е толку популарна, тврди неименуван извор

Зорана Јовановиќ Зоранах не крие дека сака луксузен живот, па нејзиниот Инстаграм профил е преполн со фотографии од егзотични патувања на кои редовно оди.

И додека многумина се прашуваат од каде потекнуваат нејзините приходи, блогерката не престанува да се фали со скапа гардероба и живот на висока нога и дека не е се како што изгледа, откри извор близок на Јовановиќ.

Зоранах се нашла пред голем проблем кога клиентите почнале да ја прекинуваат соработката и да ги раскинуваат договорите.



„Зоранах е во сериозна неволја, ако продолжи вака наскоро ќе банкротира. Откако нејзината компанија беше затворена, рекламите на социјалните мрежи беа нејзиниот главен извор на приход, а сега тоа почна да исчезнува“, изјави неименуван извор за српскиот магазин „Ало“ и продолжи:

„Луѓето почнаа масовно да и ја откажуваат соработката, а таа во последно време ги загуби најсилните клиенти кои плаќаат. Ниту еден сериозен бренд не сака да соработува со неа, се појавија нови луѓе кои имаат поголем одзив во јавноста и веруваат дека таа веќе не е така влијателна колку што беше“, вели изворот и откри како Зоранах се справува со деловниот неуспех.



„Зоранах од очај прифатила соработка со помалку познати брендови, важно и е да биде присутна на тој свет и да не и забележуваат дека е во криза. Не успеа да го сокрие тоа, па се појавија коментари од некои луѓе на социјалните мрежи кои ја нарекуваат неуспешна блогерка. Таа се труди да не придава значење на негативните коментари, но вистината е дека сето тоа силно ја погодува“.

По неодамнешната непријатна ситуација кога беше исфрлена од бутик со своето куче во трговски центар во Белград, Зорана Јовановиќ Зоранах доживеа уште една непријатност, но овој пат поради сплет на околности.

На инфлуенсерката, блогерка и јутјуберка не и тргнало според планот кога се вратила од Истанбул во Белград, бидејќи наместо со авион пристигнала со автобус.


Фото: Инстаграм / официјален профил Зорана Јовановиќ 

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: