Живеел со брат му во соба од 10 квадрати, а сега е еден од најбараните српски актери!

Живеел со брат му во соба од 10 квадрати, а сега е еден од најбараните српски актери!

Објавена во: После „Школо“ // PR

Внукот на еден од основачите и глумец на тетатарот во Прокупље, син на дојаенот на југословенското и српско глумиште Михајло Костиќ Пљака, 43 годишниот заводник Вук Костиќ денеска е еден од најпопуларните актери на Балканот. И покрај големото актерско “досие“ Костиќ најголемата популарност ја дожиеа со ликот на инспектор Александар Јаковљевиќ во криминалната хит серија ,,Убице мог оца“. Шест години серијата ја освојува не само регионалната публика, туку се поголем замав зема и во латинска Америка.

Костиќ во 2001 година дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Белград, но неговата прва ТВ улога била многу порано, кога тој имал само 16 години. Го играл Иван Ќосиќ во серијата ,,Отворена Врата“. Негова прва голема улога е во филмот ,,Апсолутни сто“.

Костиќ израснал во белградската населба Врачар во скромни услови. Ја делел својата соба од дестина квадрати со својот постар брат Нестор. Неговиот татко починал кога тој имал 21 година, а само 40 дена по неговата смрт, од семејството си заминува и брат му, оди да работи на брод. Сега тој е професионален нуркач и скипер на бродови и глисери.

Смртта на неговиот татко за Вук е најголемот удар во животот, но како што вели за 21 година тој му дал и пружил се. Го насочил кон глумата и кон вистинските животни вредности а токму тој е и главниот “виновник“ за љубовта на Вук кон ловот, риболовот, морето и длабочините.

Неговата мајка Гордана работела како професор на Институтот за странски јазиици и за разлика од својот сопруг , не била толку строга кон своите синови.

Костиќ игра и во еден од најдобрите филмски остварувања во српскиот филм ,,Дара из Јасеновца“ негативец, командант Филиповиќ, за чија улога морал потполно да се трансформира.

Секогаш игра опасен тип, полицаец, криминалец, но приватно е сосема спротивен од крими тип. Во дводецениската кариера има одиграно само една комедија - „Мала ноќна музика“.

Тешко може да издвои еден свој најдобар филм, но многу драга му е феноменалната љубовна приказна на Стефан Арсенијевиќ „Љубов и други злосторства“, во која ја играл со Аница Добра.

Најлошиот актер со кој ја споделил сцената е Марко Јанкетиќ.

Вук Костиќ, по теркот на Бен Афлек го финишира и своето прво дело како сценарист и режисер ,,Сети ме се“ приказна за заборавените јунаци од Првата Светска Војна.

Тој е долгогодишен пријател со фолк ѕвездата Цеца Ражњатовиќ, е и нејзини чест гостин во куќата на Дедиње.

Вук Костиќ е Несомнено еден од најголемите заводници помеѓу спрпските актери. Неговиот љубовен живот е интересен за јавноста. Зад себе има врски со познатата пејачка Ивана Петерс, водителката Ана Михаловски, актуелната сопруга на кошаркарот Теодосиќ, глумицата Јелисафета Орашанин, актерката Бојана Стефановиќ.... 

Дел од филмски остварувања на Вук Костиќ може да ги погледнете на првата македонска стримиг платформа Gley, а меѓу нив се и првите две сезони на мега хит серијата ,,Убице мог оца“. Македонската On line видеотека Gley.mk e достапна преку посебните апликации на Smart TV, мобилен или таблет, на компјутер како и на MaxTV приемниците.

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: