Животот не е фер за сите: Преслатката Лена го прослави 5-от роденден без подароци, пријатели и безбеден кров над глава
Преслатката Лена од Србија го прослави својот 5-ти роденден без подароци и пријатели, нејзините болни родители молат за помош.
Животот не е подеднакво фер кон сите. Некогаш забораваме дека на секого не му е лесно, дека многумина едвај врзуваат крај со крај и дека некој, како девојката Лена Цветковиќ (5) од Александров кај Ниш, роденденот го слави без торта, подароци, пријатели во игротека, и без покрив над нејзината глава.
Нејзиниот татко Милош се оперирал од тумор на мозокот, додека нејзината мајка Нина е дијабетичар, а нивната куќа во Александров се урива.
Сега нејзините болни родители молат за помош и донации.