Златни влечки и чанта во облик на човечко срце: Најчудните модни изданија и детали што ги одбележаа Оскарите 2021

Златни влечки и чанта во облик на човечко срце: Најчудните модни изданија и детали што ги одбележаа Оскарите 2021

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Оваа година, добитниците на Оскар се одлучија за чудни и досега невидени модни детали кои сигурно ќе се паметат долго време.

Оскарите во 2021 година оставија впечаток на нормален живот што го имавме пред пандемијата, и го вратија гламурот, сјајот и елеганцијата во животот на ѕвездите, а на гледачите им дадоа можност да уживаат во луксузните и раскошни изданија на ѕвездите.

Сепак, и овој пат ѕвездите не останаа без инспирација, па можевме да видиме на црвениот тепих некои чудни детали кои сакаа да привлечат внимание и успеаја во тоа.

Младата актерка и пејачка Зендаја, покрај жолтиот фустан, со кој ја разби монотонијата на традиционалното издание за црвениот тепих, носеше и дијамантски ѓердан вреден 6 милиони. Овој луксузен дијамантски ѓердан носи потпис на модната куќа Булгари. 

Фото: Инстаграм/oscars.awards.2021

Актерката Ангела Басет воодушеви со црвена креација со големи ракави што прават огромена машна на грбот, а интересен детаље чантата во форма на усна, која ги воодушеви сите. Иако е веќе видено, тоа е секако парче што не го очекувавме од 62-годишната актерка.


Фото: Инстаграм/thebeardedpublicist

Покрај ова, се истакна и друга чанта. Имено, британската пејачка Селесте носеше чанта Гучи во форма на човечко срце целосно обложена со циркони.


Најмногу внимание привлече музичарот Questlove, кој се појави во златни „Крокс“влечки. Со ова тој испрати јасна порака дека претходната година дефинитивно имала силно влијание врз носењето удобни чевли, и комбинирање на гламурозна облека со т.н. „домашен амбиент“ зема замав. 

Фото: Инстаграм/unapeliculaporfavor


Актерот Колман Доминго синоќа одлучи да го има највпечатливиот стајлинг. Бидејќи целиот негов изглед е толку импресивен, едноставно не можеме да издвоиме специфичен детаљ за тоа. Розов костум на Версаче со розови украси на рамената и златни копчиња и накит целосно ја заокружи оваа комплетно откачена облека.

Фото: Инстаграм/oscars.awards.2021


Пејачката H.E.R. се истакна на црвениот килим во виолетов проѕирен комбинезон од марката Дундас заедно со наметка во иста боја. Ретро очила со виолетови леќи, и шминка во ист тон. 



Фото: Инстаграм

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: