Зошто Кејт Мидлтон и Меган Маркл никогаш не смеат да прават селфиња со граѓаните?

Зошто Кејт Мидлтон и Меган Маркл никогаш не смеат да прават селфиња со граѓаните?

Објавена во: Совети // Семејство

Добро е познато дека британското кралско семејство има еден тон протоколни правила кои за нив се свети и кои мораат да ги почитуваат додека присуствуваат на јавни настани. Правилото кое на прв поглед изгледа безопасно, но кое никогаш досега не е прекршено е забраната за правење селфиња со граѓаните.

Некои од овие правила, Кејт Мидлтон и Меган Маркл ги прекршиле. Еден од случаите кога отстапиле од протоколот е средбата и физичкиот контакт со обожавателите, што го имаат направено сопругата на принцот Вилијам, но и сопругата на принцот Хари.

Меѓутоа, изненадувачки е тоа што членовите на кралското семејство никогаш не ја прекршиле забраната за правење селфиња.

На многумина им остана во сеќавањето изјавата на влијателниот инвеститор Грег Егњу, фанатичниот обожавател на кралското семејство кој присуствуваше на бал во Бекингемската палата во мај 2017 година, на кој не му беше дозволено да направи селфи со членовите на кралското семејство, со изговор дека тоа се смета за непочитување.

„Една работа и правило за кое многу зборуваа беше забраната за правење селфиња. Причината беше тоа што не сакаа луѓето да вртат грб на кралското семејство и самата кралица. И тоа им беше многу важно“ - објасни тогаш Егњу.

Иако Бакингемската палата официјално не ги коментираше овие наводи, Меган Маркл го поддржа ова правило.

На својата прва кралска турнеја во Нотингем во 2017 година, маж и жена ја прашале војводката за селфи, а таа наводно им кажала дека не може да им го дозволи тоа задоволство, бидејќи членовите на британското кралско семејство тоа не го прават.

Викторија Ербитер, која е експерт и познавач на кралското семејство и нивните протоколи, порано за „Инсајдер“ има изјавено дека членовите на кралското семејство се против фотографирањето со обожавателите.

„Тие секогаш повеќе сакаат да имаат лична интеракција со обожавателите, отколку да се среќаваат со луѓе кои молат за селфи. Од безбедносни причини, селфињата исто така не се посакувани, бидејќи има потреба од близок физички контакт“ - заклучи таа.


Извор: telegraf.rs

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: