Зошто не е паметно да го испробувате секој трик кој ќе го видите на Интернет? Еден ѝ ја уништи кожата на оваа девојка

Зошто не е паметно да го испробувате секој трик кој ќе го видите на Интернет? Еден ѝ ја уништи кожата на оваа девојка

Објавена во: Мода // Moj стил

Не е сечија кожа иста и треба паметно да се одбира кој трик ќе се испроба...

Само затоа што некоја инфлуенсерка кажала дека некој трик ѝ помогнал на нејзината кожа, не е паметно веднаш да се испробува истото. Како прво, можеби воопшто немате иста кожа и затоа е паметно прво да размислиш, за да не завршиш како оваа девојка.

Една девојка сподели што му направила на лицето откако одлучила да проба еден трик за убавина кој го видела на Интернет. Покажала како претходно ѝ изгледала кожата, но и потоа - а, кога ќе видиш што си напраивла, ќе научиш нешто од нејзината грешка. Во еден момент завладеа трендот во кој девојките ги отстрануваат влакната на целото лице, особено оние на образите. Иако се мали и едвај видливи, тука се. Некои едноставно подобро се чувствуваат така, а други велат дека тоа им помага за шминката подобро да им стои на лицето. Кога Натали одлучила истото да го направи, завршила вака.

@nataliesoutlet STOP & never do this beauty hack yourself… #skin #skincare #eyeslipsface Love Grows (Where My Rosemary Goes) - Edison Lighthouse

И додека пред тоа имала чисто лице кое го покажа додека ги отстрануваше влакненцата, откри што ѝ се случило потоа. Образните ѝ биле полни со големи воспалени мозолчиња. Своето лице го ставила како пример за сите девојки како предупредување да не го прават ова, ако не се 100 проценти сигурни дека тоа е за нив. Ова е само еден трик кој тргнал во погрешна насока и не е првпат на некој да му се случи вакво нешто. Затоа бидете внимателни ако испробувате слични трикови на себе.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: