Зошто принцот Хари и Меган Маркл нема да имаат уште деца?

Зошто принцот Хари и Меган Маркл нема да имаат уште деца?

Објавена во: Живот // Живот

Семејството на војводата и војвотката од Сасекс повеќе нема да се шири...

Минатиот петок принцот Хари и Меган Маркл станаа родители по вторпат и нема посреќна од двојка од нив во моментов. Сега имаат син и ќерка, па семејството на некој начин е „комплетно“. Токму тој збор го употреби принцот кога неодамна гостуваше кај Опра Винфри со својата сопруга. Тоа, всушност значи дека по доаѓањето на ќерката, на која ѝ го дадоа името Лилибет Дајана, повеќе нема да се „шири“ семејството.

И додека неговиот постар брат има три деца, а не би имал ништо против доколку тој број се зголеми, Хари размислува пратично. Причината е - зачувување на природата.

„Сите ние овде сме моментално, ги позајмуваме благодетите на планетата, но во исто време ги нарушуваме нејзините текови. Немилосрдно ја искористуваме. Сакам повеќе да се посветам на природата за да можат да уживаат и следните генерации“ - кажа тој за „Вог“ во јули 2019 година, уште тогаш потенцирајќи дека за него е доволно да има две деца.

Некои членови на кралското семејство најверојатно не би се сложиле со него. Кралицата Елизабета Втора има четири деца, додека Зара Тиндал, братучетката на Хари, неодамна го доби третото.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: