Зошто розевиот ренџер носи здолниште, а жолтиот не: 10 факти за јунаците од детството

Зошто розевиот ренџер носи здолниште, а жолтиот не: 10 факти за јунаците од детството

Објавена во: Stars // Филм

Поминати се 26 години од прикажувањето на првата епизода „Моќни ренџери“ (Mighty Morphin Power Rangers), ТВ серијата со која израснаа многу генерации.

Бидејќи сите како деца лудувавме по оваа серија и знаевме се за неа, погледнете ја листата од 10 факти кои можеби не сте ги знаеле за овие јунаци:

# Били (синиот ренџер) и роботот Алфа 5 се единствени главни улоги кои се појавуваат во сите 155 епизоди од серијата. Дејвид Јост, актерот кој го глумеше Били, ја напуштил серијата при крајот на Power Rangers Zeo.

# Томи (Џејсон Дејвид Френк) е единствениот лик кој ги менувал оите на својот ренџер и тоа дури 5 пати. Беше зелен, бел, црвен Зео, црвен Турбо и црн Дино ренџер.

# На Зак (Валтер Емануел Џонс), кој го глумеше црниот ренџер, му недостасува еден прст на раката. Го изгубил во несреќа која ја доживеал на четири години.

# Во епизодата The Wedding, кога Лорд Зед и Рита се венчаат, во позадина се слуша Hava Nagila - традиционална израелска народна песна, па обожавателите шпекулираат дека некој од нив двајца е од еврејско потекло.

# Жолтиот ренџер првобитно бил машко. Сите ја паметиме добрата девојка Тринити како жолт ренџер, но во оригинална јапонска серија жолтиот ренџер е машко. Затоа розевиот ренџер носи здолниште, а жолтиот не.

# Моќните ренџери и Нинџа желките се појавуваат во иста епизода. Многу деца од 90 - тите ги следеле овие две серии. Во „Моќните ренџери во вселената“, во епизодата од 1998 година, Нинџа желките, под влијае на магијата на Астроном, доаѓаат да се борат со ренџерите. Но, потоа се здружуваат со ренџерите.

# Томи е единствен лик кој најдолго се задржа во сериската франшиза - дури 217 епизоди во Mighty Morphin Power Rangers, Power Ragenrs Zeo, Power Ranger Turbo, Power Rangers Wild Force, Power Rangers Dino Thunder и Power Rangers S.P.D. А, првобитно требало да игра само во неколку епизоди.

# Балк и Скал беа дел од Моќните ренџери, колку и самите ренџери. Она што е непознато е дека требало да имаат посебно шоу под назив The Good, The Bad and The Stupid: The Misadventures of Bulk and Skull. Меѓутоа, на публиката не и се допаднаа пробните епизоди и серијата е укината пред да започне со емитување.

# Од Роки ни трага ни глас. Како прослава за 10 - годишнината на Моќните ренџери е емитувана посебна епизода под назив Forever Red. Се базира на сеќавањата на сите црвени ренџери во изминатата децинија од кои сите учествувале освен Роки - ликот кој го заменуваше Џејсон уште во Mighty Morphin Power Rangers. Актерот Стив Карденас, творците на серијата го повикале како гостин, но не можеле да го пронајдат бидејќи често ги менувал адресите без најава.

# Стив од ТВ серијата Family Matters се бореше со Тони. Во осмата сезона на оваа серија Стив се бори со зелениот ренџер Томи кој во оваа серија глуми предводник на улична банда. Секако дека се завршува така што Стив победува.

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: