Ако ме видите со два ранци, не чудете се: Иван Босиљчиќ е грижлив татко кој насмеа многумина
Актерот и сопруг на пејачката Јелена Томашевиќ, Иван Босиљчиќ насмеа многумина со својата објава на Инстаграм.
Плод на љубовта на познатата српска двојка е малата Нина, која до неодамна ја криеја од очите на јавноста. Сепак во последно време двајцата почнаа да споделуваат фамилијарни моменти со преслатката ќеркичка, од видеа како Нина свири на клавир, па се' до фотографии во музичка продавница со својот татко.
Деновиве Иван ги насмеа фановите со фотографија на која носи два училишни ранци на рамо, со ќерка му Нина и нејзина другарка покрај него и напиша:
„Ако ме видите во крајот со женски ранец, или два, знајте дека не сум жртва на модата, туку имам ќерка, а таа има најдобра другарка, а во училишниот ранец носат по 5 килограми книги“