Анастасија Ражнатовиќ во розово од глава до петици: Одличен предлог за комбинација во една боја, која не изгледа вулгарно

Анастасија Ражнатовиќ во розово од глава до петици: Одличен предлог за комбинација во една боја, која не изгледа вулгарно

Објавена во: Мода // Moj стил

Анастасија Ражнатовиќ на многу млади девојки им е моден идол...

Пандемијата на некое време ги запре познатите личности да ги посетуваат манифестациите и настаните на кои се навикнати.

Со оглед на подобрувањето на епидемиолошката ситуација во Србија, на крајот на минатиот месец во Белград се отвори уште еден фризерски салон, каде што, како порано, на исто место и во исто време се најдоа многу познати личности.

Една млада и успешна девојка особено издоминира со својата комбинација на овој настан во српската престолнина, појавувајќи се во пролетни бои. Иако е позната по урбаниот и неформалниот стил, младата пејачка знае да заблеска и на свечените настани.

Анастасија скоро секојдневно споделува фотографии на социјалните мрежи, а она што ќе го облече со коментира до последниот детаљ. Сега хит фармерките за оваа сезона ги замени со тесен розов фустан и ги воодушеви сите познавачи на модата.

Анастасија во оваа прилика ги остави сите без зборови кога се појави со новиот тен, кој го доби на незаборавното летување во Мексико, но и со комбинацијата во кој потсетуваше на светска ѕвезда.

Таа на себе имаше провокативен розов фустан, кој ѝ ги истакнуваше нејзините нозе. Блејзерот во истата боја, но сосема поинаква нијанса и розовите високи потпетици и чанта потполно ја разбија целата комбинација.


фото: Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: