Антониа ја откри причината зашто толку рано се одлучила да основа семејство: Ќе си имам најдобар другар кога ќе имам 40 години (ФОТО)
Ова е нејзината година, барем кога е приватниот живот во прашање...
Оваа година за Антониа Гиговска дефинитивно ќе остане запаметена по многу нови нешта кои и се случија на приватен план. Откако објави дека е во врска со новото момче Роберт Спасенцовски - Џокер, потоа дека е бремена, па дека љубовта ја крунисале со брак, она што последно го објавија е полот на бебето, кое на свет треба да дојде наскоро, со оглед на тоа дека Антониа е во поодмината бременост.
Иако многумина беа изненадени од ваквите одлуки на пејачката со оглед на тоа дека е релативно млада и во екот на кариерата, таа даде одлично објаснување зашто токму сега се одлучила да заплива во брачните води и да стане мајка.
„Јас од секогаш сакав да сум млада мајка, и кога некоја девојка би ме прашала што мислам на таа тема, ќе и кажам дека нема ништо поубаво од тоа да бидеш мајка на млади години...“ - напиша Антонија, на својот инстаграм профил.
Покрај тоа, пејачката додаде дека воопшто не ја засегаат коментарите за приватниот живот.
„Некогаш негативниот коментар е позитивна критика, па се обидувам да го применам кога станува збор за музиката, меѓутоа кога е нешто за мојот приватен живот, навистина не читам и не ме интересира“ - посочи Антониа.
Фото: Принтскрин / Инстаграм