Бака Прасе денес има роденден, но погодете кој друг има роденден: Ни тој, ни Жељко Митровиќ не сакаат да го знаете ова за нив

Бака Прасе денес има роденден, но погодете кој друг има роденден: Ни тој, ни Жељко Митровиќ не сакаат да го знаете ова за нив

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Конфликтот меѓу сопственикот на Пинк, Жељко Митровиќ и јутјуберот Бака Прасе трае веќе две недели и не му се гледа крајот, а сега на површина „излезе“ дополнителна бизарност.

Се започна кога Богдан Илиќ, кој на интернет се претставува под името Бака Прасе, го обвини Жељко Митровиќ дека му должи пари.

Тоа ја отвори Пандорината кутија, а во следните две недели „летеа“ меѓусебни обвинувања: од врски со криминални кланови, до педофилија и даночни долгови, па се до убиство.

Во конфликтот меѓу сопственикот на Пинк Медиа Груп и човекот кој на Јутјуб го следат над два милиони луѓе, беа вмешани бројни личности од забавната индустрија, како и таткото на Илиќ, свештеникот Ненад Илиќ.

Се огласи таткото на Бака Прасе: Свештеникот кажа што мисли за конфликтот за кој сите зборуваат

Свое мислење за двете конфликтни страни дадоа и Аца Лукас, неговиот менаџер Саша Мирковиќ и очекувано - Јелена Карлеуша.

Меѓутоа, за работите да бидат уште побизарни, сега е откриено нешто што ги обединува Митровиќ и Бака Прасе. Имено, Јутјуберот денес на 16 септември го слави својот 26 роденден, а на истиот ден во 1994 година е основана и Пинк ТВ.

Ако тој факт не ги помири...

извор:nova


Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: