Бака Прасе и Ања уловени заедно: Разделба или маркетиншки трик?

Бака Прасе и Ања уловени заедно: Разделба или маркетиншки трик?

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Сите се прашуваат дали овој потег на јутјуберот бил исцениран...

Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, неодамна објави дека неговата девојка Ања и тој раскинале. Но, како што се наведува сега, тие се повторно видени заедно.

„Ања и јас раскинавме... Не е никаков пренк, само ете... Едноставно дојдовме до точка каде што повеќе не се согласувавме најдобро и нашата врска налета на ѕид. И понатаму се сакаме и на двајцата ни е многу тешко, но тоа е животот. Заминувањето во Амстердам ни беше проштално патување“ - напиша тој неодамна.

Меѓутоа, како што се наведува, тие пред неколку деца се видени во еден ресторан во Белград, каде ручале, разговарале и се смееле цело време.

Како што наведува изворот на „Курир“, тие двајца биле многу блиски , а по времето кое го поминале заедно, седнале во неговиот автомобил и тргнале во правец на неговата зграда.

Дека автомобилот ги издаде, говори и тоа што на социјалните мрежи се појавија коментари дека Ања постојано објавува сториња од автомобилот на Богдан.

„Само будала може да поверува дека раскинале Бака Прасе и Ања, а таа секој ден става сториња додека се вози во Г класа“ - гласеше еден коментар на Твитер.

Кога Бака објави дека Ања и тој раскинале, многумина му пружија поддршка на јутјуберот, првпат по нападот кој го доживеа и поради кој тврдеше дека ќе се сели во Холандија.


Да потсетиме, Бака Прасе е поврзан со смртта на инфлуенсерката и јутјуберка Кика Ѓуриќ, бидејќи многумина сметаа дека тој е виновен за говорот на омраза и сајбер насилство кои таа ги доживуваше.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: