Бела Хадид во модринки! Морничавата глетка на манекенката го шокираше светот: Имам болки, мозочна магла и нервоза! (ФОТО)

Бела Хадид во модринки! Морничавата глетка на манекенката го шокираше светот: Имам болки, мозочна магла и нервоза! (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Манекенката не откри повеќе детали за нејзината здравствена состојба. Меѓутоа, таа претходно изјави дека боледува од Лајмска болест, односно бактериска инфекција која го напаѓа телото

Бела Хадид, американската манекенка која неодамна ја освои престижната награда за борба за менталното здравје на младите, сега загрижи милиони следбеници откако во понеделникот на својот Инстаграм сподели фотографии од нејзините помодрени нозе и грб покриени со гипс.

26-годишната манекенка седеше топлес на кревет во болничка соба, со завој околу десната рака и газа на грбот.

Во серија фотографии манекенката ги покажа сините нозе и завиеното тело. Тие се покриени со големи, темни модринки, а на третата фотографија се гледа епрувета полна со крв.

Во оваа прилика манекенката не откри повеќе детали за нејзината здравствена состојба. Сепак, таа претходно изјави дека боледува од Лајмска болест, односно од бактериска инфекција која го напаѓа телото и дека во потешки случаи може да доведе до проблеми со срцето, оштетување на нервите, отекување на зглобовите и отежната концентрирација. 

- Понекогаш спијам по 12 часа и не можам да станам од кревет. Имам силни болки во зглобовите, таканаречена мозочна магла и анксиозност. Постојат многу симптоми кои не можат веднаш да се видат. Животот продолжува и не смеам да се откажам – изјави манекенката пред шест години за својата борба со болеста на еден настан.

Да потсетиме, познатата манекенка годинава е на врвот на кариерата, а на модната недела во Париз го „украде шоуто“ кога прошета на пистата како дел од колекцијата на Коперни за пролет 2023 година, а се појави топлес и само во дискретни, бели гаќички и високи потпетици.


Бела со рака ги покри голите гради, а потоа се случи магијата! Имено, двајца креатори ѝ пријдоа и ѝ направија бел фустан до колената со полуракави. Фустанот изгледаше сосема веродостојно, а овој можеби револуционерен момент ги запрепасти сите.

Извор: 24sedam.rs

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: