Бидете внимателни: На Инстаграм се шири линк кој ги краде профилите, еве што да направите!

Бидете внимателни: На Инстаграм се шири линк кој ги краде профилите, еве што да направите!

Откако Инстаграм донесе многу добри новини, мораше да се случи и нешто лошо во целата приказна. За жал, многу луѓе деновиве ги изгубија профилите или имаа потешкотии со повторното логирање, благодарение на лошиот тренд кој масовно се шири на оваа социјална мрежа.

Имено, вчера на Инстаграм се шират пораки во стилот „потребна ми е твојата помош“, „отвори го овој линк“, „го правев ова три часа, се надевам дека ќе ти се допадне“ и слични пораки на овие. Сите тие пораки имаат една цел, а тоа е да ве наведат да го отворите линкот, а кога ќе го отворите, веќе ќе биде доцна! Вакви луѓе стигнуваа на многу луѓе, така што оваа информација е потврдена.


Во ова известување може да ги видите и другите методи на хакирање, ако во било кој момент бара е-маил адреса, никако не одговарајте на тие пораки, бидејќи оној кој ќе дојде до вашиот е-маил, многу лесно може да ви уништи профилот! Добро внимавајте на овие хакери, така што не отварајте ништо што ви е сомнително и избегнувајте да одговарате на сомнителните пораки.

фото: unsplash.com

Можеби ќе ве интересира: